iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Блок_(периоден_систем)
Блок (периоден систем) — Википедија Прејди на содржината

Блок (периоден систем)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блоковите на периодниот систем на елементите
Блоковите на периодниот систем на елементите

Блок — збир од соседни групи во периодниот систем. Поимот прв го употребил францускиот инженер Шарл Жане (1849-1932).[1] Електроните со најголема енергија од секој елемент припаѓаат на исти типови на атомски орбитрали. Секој блок е наречен според неговата карактеристична орбитала; така имаме:

  • s-блок
  • p-блок
  • d-блок
  • f-блок
  • g-блок (хипотетички)

Називите на блоковите (s, p, d, f и g) се изведени од спектроскопско бележење на дадените атомски орбитали: sharp („остра“), principal („главна“), diffuse („дифузна“) и fundamental („фундаментална“), по што g е следната буква од латиницата.

Ова е редоследот по кој се пополнуваат орбиталите на подобвивката, согласно правилото на надграба (Клечковскиево правило), со кое е одреден линискиот редослед на блоковите (со накачувањето на атомскиот број) во периодниот систем:

1s, 2s, 2p, 3s, 3p, 4s, 3d, 4p, 5s, 4d, 5p, 6s, 4f, 5d, 6p, 7s, 5f, 6d, 7p, ...

Периодичниот карактер на пополнувањето во орбитали и добиените блокови се појасни ако тоа се претстави во матричен облик, со растечки главни квантни броеви со кои почнуваат новите редови (периоди). Потоа, секоја подобвивка (составена од првите два квантни броја) се повторува онолку пати колку што е потребно за секој пар електрони што може да го содржи. Со ова се добива збиена таблица на елементите, каде секоја ставка претставува два последователни елемента:

1s
2s                                                 2p  2p  2p
3s                                                 3p  3p  3p
4s                             3d  3d  3d  3d  3d  4p  4p  4p
5s                             4d  4d  4d  4d  4d  5p  5p  5p
6s 4f  4f  4f  4f  4f  4f  4f  5d  5d  5d  5d  5d  6p  6p  6p
7s 5f  5f  5f  5f  5f  5f  5f  6d  6d  6d  6d  6d  7p  7p  7p

Периоден систем

[уреди | уреди извор]

Постои приближно соодветство помеѓу оваа блоковска номенклатура според електронската конфигурација и групирањата на елементите во зависност од хемиските својства. s-блокот и p-блокот заедно се сметаат за елементи од главната група, d-блокот одговара на преодните метали, а f-блокот ги опфаќа лантаноидите и актиноидите. Сепак, постојат различни мислења во врска со точната припадност на некои елементи, па така некои ги сметаат елементите од XII група (цинк, кадмиум и жива) за главна група, а други за преодни метали. Групите (колоните) во f-блокот (помеѓу групите 2 и 3) немаат броеви.

Во таблиците подредени по блокови, хелиумот е сместен до водородот, наместо врз неонот, како кај оние подредени по хемиски својства. Ова е така бидејќи хелиумот се наоѓа во s-блокот, со неговите надворешни (и единствени) електрони во атомската орбитала 1s. Покрај блоковите наведени на таблицава, постои и хипотетички g-блок, чии елементи се наоѓаат во дополнетиот проширен периоден систем. Освен тоа, лутециумот и лоренциумот се ставени под скандиумот и итриумот за да се покаже дека се елементи од d-блокот[2] (макар што, изнесени се и аргументи дека лантанот и актиниумот треба да бидат на нивно место, бидејќи немаат електрони во орбиталите 4f и 5f за разлика од првоспоменатите).[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Charles Janet, La classification hélicoïdale des éléments chimiques, Beauvais, 1928
  2. Scerri, Eric. „Mendeleev's table finally completed and what to do about group 3“.
  3. Lavelle, Laurence. „Lanthanum (La) and Actinium (Ac) Should Remain in the d-Block“ (PDF). lavelle.chem.ucla.edu. Посетено на 9 November 2014.