Битка кај Мурса
Битка кај Мурса | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Римско Царство | Римско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Магнетиј | Константиј II | ||||||
Сила | |||||||
околу 36,000 | околу 60,000[2] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
24,000 | 30,000[3] |
Битката кај Мурса е борба меѓу источната римска војска под водството на императорот Константиј II и западните војски по водството на генералот Магнетиј на 28 септември 351 година.
По договорениот мир со Шапур II, Константиј II ја префрлил војската против узурпаторот Магнетиј. Пред битката императорот испратил неговиот источен преторијански префект Флавиј Филип да понуди на узурпаторот да се врати назад во Галија. Овие преговори не дале никаков резултат, но еден од војсководците на Магнетиј, Силван, дезертирал и минал на страната на Константиј II. Самата битка се одржала во провинција Долна Панонија, меѓу реките Драва и Дунав, кај Мурса, денешниот хрватски град Осиек.
Војската на Константиј II била речиси двојно поголема од таа на противникот, а имала преднос во тешката коњница и стрелците со лакови. Константиј II наредил на лесната коњаница да заоколи левиот фланг на Магнетиј, а тешката со фронтална атака ги растурила галските легиони. По долга борба десното крило на Магнетиј било прегазено од непријателската коњаница и неговите легиони се повлекле. Борбата била мошне жестока со огромни загуби и за двете страни. Завршила со катастрофален пораз на Магнетиј. Според историчарот Зонара, Магнетиј загубил 2/3 од својата војска, а Константиј II половината со општ број на жртвите повеќе од 54,000 луѓе. Таа е една од најкрвавите битки во римската историја.
Освен борба за власт битката имала и религиозно значење. Магнетиј востановил некои од одземените права на паганите, сè додека Константиј II бил упорен заштитник на христијанството и ги бркал паганските религии. Веднаш по крајот на битката Константиј II отишол да се моли во блиска гробница на христијански маченик. Епископот на Мурса, Валент, му кажал дека еден ангел му јавил веста за победата.
Две години по битката Магнетиј бил конечно поразен и извршил самоубиство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Angelov 2018, стр. 1059.
- ↑ Crawford 2016, стр. 77.
- ↑ Crawford 2016, стр. 80.