iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Анте_Поповски
Анте Поповски — Википедија Прејди на содржината

Анте Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анте Поповски
Роден 3 јуни 1931
Лазарополе, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 1 октомври 2003(2003-10-01) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по:
Непокор
Глас од дамнина
Оковано време
Занимање поет
есеист
публицист
академик

Анте Поповски (Лазарополе, 3 јуни 1931Скопје, 1 октомври 2003) — македонски поет, есеист, препејувач, публицист и политичар. Тој се смета за великан на македонската книжевност и е еден од најистакнатите македонски поети од втората генерација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Анте Поповски дипломирал медицина, но се занимавал со литература. Работел како директор на НИП „Нова Македонија“ (1970 — 1973)[1] и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија МААК. Исто така, Поповски бил член на МАНУ од 2001 година.

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]

Позначајни дела на Поповски се:

  • Одблесоци (поезија, 1955)
  • Вардар (поезија, 1958)
  • Самуил (поезија, 1963)
  • Непокор (поезија, 1964)
  • Камена (поезија, 1972)
  • Тајнопис (поезија, 1975)
  • Љубопис (поезија, 1980)
  • Родопис (поезија, 1981)
  • Сина песна (поезија, 1984)
  • Глас од дамнина (со литературно-историски и поетолошки карактер, 1986)
  • Ненасловена (поезија, 1988)
  • Оковано време (статии и коментари, 1991)
  • Меѓу животот и знаците (есеи, 1991)
  • Провиденија (поезија, 1995)
  • Две тишини (поезија, 2003)

Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија и Индија.

Поповски е добитник на наградите:

и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.

Осврт кон творештвото

[уреди | уреди извор]

Во својот осврт кон поезијата на Поповски, Санде Стојчевски вели дека во секој стих и во секој наслов, поетот со трепет и надеж се наведнува над секоја тема, оставајќи ни толку стихови во кои удира пулсот, а неговото поетско писмо се движи во просторот меѓу стравот и надежта. Неговата песна речиси никогаш не се оддалечува од природата и сведочи за исконската поврзаност на човекот со елементарното, а неговите песни се проткаени со свеста за заедништвото. Мошне значаен дел од неговото творештво се татковинските песни („Татковина“, „Македонија“, „Гоце Делчев“, „Самуил“, „Вардар“ итн.) при често гради песни-циклуси, песни-вериги, песни-семејства.[2]

  1. Панде Колемишевски „Анте Поповски и весникот 'Нова Македонија'“, „Нова Македонија“, 01.11.2019.
  2. Санде Стојчевски, „Поезија на (од) (со) страв и надеж - Поговор кон едно извишено поетско дело“, во: Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 199-208.