iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Џуд_Ло
Џуд Ло — Википедија Прејди на содржината

Џуд Ло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џуд Ло
Ло во 2016 година
Роден(а)Дејвид Џуд Хејворт Ло
29 декември 1972(1972-12-29)(51 г.)
Лондон, Англија
ЗанимањеГлумец
Активен период1987–сè уште
СопружникСеjди Фрост (1997–2003)
Деца5

Дејвид Џуд Хејворт Ло (роден на 29 декември 1972 г.) — англиски глумец.

Тој добил номинации за два Оскари, две награди на здружението на филмски глумци, три Златни глобуси и две БАФТА награди, од кои добил една. Во 2007 година, тој добил почесна награда Сезар за исклучителни филмски достигнувања и бил назначен за Витез од редот на уметноста и книжевноста од француската влада.[1]

Ло го привлекол вниманието на пошироката јавност со улогата во филмот Талентираниот господин Рипли (1999), за која добил БАФТА награда и номинации за Златен глобус и Оскар за најдобар глумец во споредна улога. Во 2004 година, тој добил номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за улогата во епскиот воен филм Студена планина (2003). Други забележителни улоги тој играл во филмовите Гатака (1997), Непријател пред портите (2001), Вештачка интелигенција (2001), Пат кон пропаста (2002), Алфи (2004), Блискост (2004), Одмор (2006), Зараза (2011), Хуго (2011), Ана Каренина (2012), Нуспојави (2013) и Гранд хотел Будимпешта (2014). Тој ја играл улогата на Д-р Вотсон во Шерлок Холмс (2009) и Шерлок Холмс: Игра на сенки (2011).

Ло исто така има исклучителна кариера како театарски глумец, добивјќи три номинации за наградата Лоренс Оливие и две за наградата Тони. Тој глумел во неколку претстави во Лондонскиот театар Вест Енд и на Бродвеј.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ло бил свршен со глумицата Сиена Милер, но уште додека траела нивната врска, тој ја изневерил со 26-годишната дадилка Дејзи Рајт. Случката се случила во Њу Орлеанс, каде Ло го снимал филмотСите луѓе на кралот“. Подоцна, таа била отпуштена од работа од неговата сопруга, а дадилката ја објавила својата приказна во британскиот таблоид „Сандеј мирор“. По скандалот, Ло јавно се извинил, но сепак, во ноември 2006 година, неговата свршеница го напуштила.[3]

Филмска кариера

[уреди | уреди извор]

Својата глумечка кариера ја започнал во Националниот музички младински театар во 1987 година и својата прва филмска улога ја добил во 1989 година. По настапувањето во филмовите режирани од Ендру Никол, Клинт Иствуд и Дејвид Кроненберг, тој бил номиниран за оскар за најдобра споредна машка улога во 1999 година за улогата во филмнот Талентираниот Господин Рипли. Во 2000 година тој ја добил и наградата за најдобра машка споредна улога на Британската Академија. Во 2006 година тој бил еден од најпрофитабилните филмски ѕвезди.[4]

  1. Barratt, Nick (9 September 2006). „Family Detective: An investigation into our hidden histories. This week: actor Jude Law“. The Daily Telegraph. London: 16.
  2. Who's Who. London, England: A & C Black. 2006. стр. 1307.
  3. Наташа Спирова, „Џад Лоу падна на дадилката, на Лопес слабост ѝ се танчерите“, Антена, број 852, 24.20.2014, стр. 12-13.
  4. "Tom Cruise and Hanks Top New Power List", World Entertainment News Network, 10 април 2006.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]