Креирајте го вашето Europass CV
Онлајн градителот на Europass CV-то го олеснува креирањето на вашето CV. Можете да го користите да аплицирате за работа, за можности за образование или обука, како и за волонтирање.
Најпознатиот формат на CV во Европа
Europass CV-то е едно од најпознатите формати на CV во Европа. Тоa е леснo за употреба и познатo за работодавците и образовните институции.
Првин ќе треба да го креирате вашиот Europass профил со информации за вашето образование, обука, работно искуство и вештини. Откако ќе го пополните вашиот Europass профил, можете да креирате колку што сакате Cv-а со само неколку кликања. Селектирајте ги информациите кои би сакале да бидат вклучени, изберете го вашиот омилен дизајн а Europass ќе се погрижи за останатото.
Можете да креирате, чувате и споделувате CV-а на 31 јазици. Можете да го преземете вашето Europass CV, чувајте го во вашата Europass библиотека, споделете го со работодавците, со EURES или со други сајтови за работа.
Како да креирате добро CV
Запомнете дека вашето CV е прва можност да разговарате со вашиот потенцијален работодавач за своите вештини и искуства. Тоа e слика од тоа кои сте вие, на вашите вештини, на вашето образование, работно искуство и други достигнувања.
Потенцирајте примери за вашите вештини и искуства кои одговараат на работата за која аплицирате. Обрнете внимание на деталите објавени во огласот за слободни работни места.
Уверете се, дека сте го ажурирале делот „За мене“ за да потенцирате зошто сте најдобрата личност за таа работа. Не вклучувајте целосна детална историја. Фокусирајте се на факти и главни точки коишто би се усогласиле со работата што ви е на ум.
Уверете се, дека вашето CV е лесно за читање. Користете јасен и едноставен јазик. Користете јаки глаголи (на пр., 'управувани', 'развиени', 'зголемени').
Секогаш наведете го најскорото искуство прво, а потоа претходните. Во случај на подолги празнини при работењето или учењето, вклучете објаснување.
Проверете дали има правописни и граматички грешки, обезбедете професионална е-пошта и додајте професионална фотографија од себе.
Вашиот Europass профил
Вашиот профил на Europass е местото за евиденција на сите ваши вештини, квалификации и искуства. Ако го чувате ажуриран вашиот Europass профил, тогаш вие во секое време ќе ги имате сите потребни информации за побрзо да креирате прилагодени CV-а и апликации за работа.
Среќно со вашите апликации!