За Europass
Europass е вашиот сет на онлајн алатки и информации што ќе ви помогнат да управувате со секој чекор од вашето учење и кариера.
Најсигурна европска алатка за да управувате со вашето учење и кариера.
Без разлика дали е тоа додека студирате, додека започнувате со својата прва работа или барате нови предизвици, Europass ви овозможува ефикасно да комуницирате за своите вештини и квалификации во Европа. Европската комисија ја обезбедува оваа услуга бесплатно и тоа на 31 различни јазици.
Направете го следниот чекор за учење или кариера со Europass
Europass ве охрабрува да го направите следниот чекор во вашето учење или кариера преку:
- Тоа што ќе ви помогне да размислите за тековните вештини и искуства;
- Тоа што ќе ви презентира прилагодено и веродостојно учење и можности за работа низ цела Европа;
- Поедноставување на пишувањето на CV и мотивациско писмо преку обрасци за пополнување;
- Обезбедување на точни информации за работење и учење во Европа;
- Давање линкови до соодветни мрежи за поддршка.
Со ова, Европската комисија ве поддржува да го покажете вашиот вкупен потенцијал и да пронајдете можности низ цела Европа што одговараат на вашите вештини и искуства.
Алатки кои го поддржуваат вашето учење или развој на кариера
Europass нуди бесплатни онлајн алатки кои ги поддржуваат учениците, работниците и барателите на работа низ цела Европа. Пред да испратите апликација, проверете дали сте запознаени со некои наши алатки:
Вашиот Europass профил ви помага во опишувањето на вашите вештини, наоѓање интересни работни места и можностите за учење, управувањето со апликациите и креирањето на CV-а и мотивациски писма.
Со Europass CV уредникот, можете да:
- Креирате и да ажурирате CV-а,
- изберете од најразличните обрасци,
- ги чувате во вашиот уред или Europass библиотеката и
- ги споделувате лесно CV-та на 31 различни јазици.
Вие ќе бидете во можност да создадете структурирано, визуелно пријатно и професионално мотивационо писмо со користење на различни обрасци со уредникот на Europass мотивационото писмо.
Додатокот на дипломата обезбедува информации што го олеснуваат разбирањето на знаењата и вештините што сте ги стекнале за време на вашето високо образование.
Додатокот на сертификат обезбедува информации со кои се олеснува разбирањето знаењата и вештините, коишто сте ги стекнале за време на вашето стручно образование
The Europass mobility ви помага на едноставен, конзистентен и разбирлив начин да ги прикажете вашите вештини стекнати за време на искуство со мобилноста.
Сигурни информации за студирање и работа во Европа
Europass обезбедува сигурни информации за студирање и работа во различни европски земји преку обезбедување линкови до релевантни европски и национални извори. Ова може да ви помогне да најдете курсеви, работни места, насоки и поддршка со валидација и признавање на вашите квалификации.
Europass дигитални акредитиви
Europass дигитални акредитиви се дигитални овластувања законски еднакви на хартиени сертификати. Тие им овозможуваат на институциите бесплатно да ви издадат дигитални, заштитени квалификации и други квалификации за учење. Овие овластувања се користат за квалификација за работни позиции, за уписи на Универзитет и повеќе. Со Europass, можете безбедно да ги чувате и споделувате овие акредитиви, за да не мора повеќе да се занимавате со хартиени верзии на вашите сертификати и дипломи.